„Ноќеска дојди ми на романтика…“
- Filip Zikov
- Sep 1
- 1 min read
ВИТАМИНКА ГО НОСИ ВЛАДО ЈАНЕВСКИ ВО ГЕРМАНИЈА!
21 НОЕМВРИ 2025
COLUMBIA THEATER, BERLIN
ПОЧЕТОК: 20:00
Животот е плетенка од спомени, патувања и емоции — токму тие преточени во музика и стихови го создадоа најпрепознатливиот и најромантичен глас на македонската поп-сцена — Владо Јаневски, кого оваа есен Витаминка го носи во Германија!

Поет, композитор и музичар, Владо со години ги преплавува срцата на публиката.
Во Берлин ќе ги слушнеме неговите најголеми хитови:
„Не зори, зоро“, „Ако не те сакам“, „Чаирска романтика“, „Компас“, „Евергрин“, „Црно Тиквешко“, „Златни години“, „Прекрасен ден“, „Ова е наше Скопје“ и многу други безвременски песни кои со години допираат до душата и срцето на публиката.
Овој концерт не е само настап — тоа е емотивно патување, патување низ љубовта, сеќавањата и носталгијата.
Берлин ќе има единствена можност да ја почувствува магијата на Владо Јаневски во најинтимна форма — еден глас, една сцена и безвременска музика.
Влезниците кои се во ограничен број, се веќе достапни исклучиво преку www.legacyevent.de и на веќе познатите телефонски броеви!
Љубовта има своја музика.
На 21 ноември таа ќе прозвучи со гласот на Владо Јаневски во Берлин.
Со љубов,
Легаси Евент







Comments