Македонска вечер
Sat, 24 Feb
|Bellagio Eventhouse Hamburg
Македонска вечер со Бумбари и Елена Наумова
Time & Location
24 Feb 2024, 19:00 – 25 Feb 2024, 02:00
Bellagio Eventhouse Hamburg, Billstedter Hauptstraße 51, 22111 Hamburg, Germany
About the event
Почитувани,
По повод патронатот на нашата црква Св. Ѓорѓи Кратовски Ве покануваме сите парохијалци и пријатели на МПЦО Св. Ѓорѓи Кратовски на вечер исполнета со македонска музика и македонска храна или така наречена МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР.
На оваа вечер ќе имаме чест да ги слушаме најубави македонски песни отсвирени од страна на реноминираниот бенд Бумбари и вокалот на Елена Наумова.
Настанот ќе се оддржи на 24ти Фебруари 2024 година - Сабота со почеток во 19:00 часот во просториите на Bellagio Eventhouse Hamburg со адреса на Billstedter Hauptstraße 51, 22111 Hamburg.
Како до билети за овој настан?
Цените на билетите се во неколку категории и тоа:
Возрасни: 30 Евра Деца: 15 Евра На влез: 40 Евра
Децата се во следните категории:
0-6 години - бесплатно 7-15 години - детска 16 и постари - возрасен
Исто така има и специјални цени за нашите парохијалци и тоа:
Возрасни – 20 € Деца – 10 € Маса – 250 €
За сите заинтересирани кои би сакале да резервираат и своја маса истото можат да го направат по цена од 350 евра. Во цената се вклучени 8 влезници и едно шише пијалок по ваш избор.
За сите информации или доколку имате дополнителни прашања можете да ни се обратите на нашиот мејл: info@mpco-hamburg.de
Билетите ќе бидат во ограничена количина заради капацитетот на просторот и затоа побрзајте и набавете го вашиот билет за оваа незаборавна вечер.
Жива била Македонија!